Оваа диета е нов хит во овој пролетен период, пред доаѓањето на летните одмори и расоблекувањето на плажите, кое може да биде проблем за оние кои сметаат дека имаат вишок килограми.
Диетата со јајца е актрактивна поради ефикасноста и брзината на резултатите, бидејќи за една недела може да ослабнете и до 7 килограми.
Неделно мени:
Понеделник
Појадок: 2 портокали, 2 варени јајца, 1 чаша кисело млеко.
Ручек: варено пилешко 200 гр, 1 чаша кисело млеко.
Вечера: 1 портокал, 1 варено јајце, варено пилешко 150 гр.
Вторник
Појадок: 2 варени јајца, 1 чаша фреш од лимони.
Ручек: 1 грејпфрут, печена риба 150 гр, 1 чаша минерална вода.
Вечера: 2 варени јајца, 1 грејпфрут, 1 чаша млеко.
Среда
Појадок: 1 чаша минерална вода со една лажица сок од лимон, 2 варени јајца.
Ручек: варено телешко месо 200 гр, 1 грејпфрут.
Вечера: 3 варени јајца, 1 чаша минерална вода.
Четврток
Појадок: кајгана од 3 јајца и мешан зеленчук.
Ручек: салата, варено пилешко 150 гр.
Вечера: 2 портокали, 1 варено јајце, 1 чаша минерална вода.
Петок
Појадок: салата од 2 варени моркови, 2 јајца, 1 лажица павлака.
Ручек: 2 свежи моркови, 1 чаша сок од портокал.
Вечера: морска риба 100 гр со сок од лимон, 1 варено јајце, 1 чаша минерална вода.
Сабота
Појадок: кисело млеко 150 гр, 1 чаша сок од мешани цитруси.
Ручек: 2 варени јајца, 2 грејпфрута.
Вечера: само минерална вода.
Недела
Појадок: ½ грејпфрут, 2 варени јајца.
Ручек: варено телешко 200 гр, 1 портокал.
Вечера: само минерална вода.
Пијте само минерална вода, таа е значаен дел од диетата бидејќи е алкална и ја неутрализира излишната киселина од цитрусите во стомакот. Точното следење на диетата дава одлични резултати, па затоа не менувајте ништо во режимот на исхрана.