Со пиво и неколку сетови под палка на едни од најреномираните диџеи во светот, вчера илјадници посетители се журкаа на првата вечер од “Охрид колинг”. Никој не остана рамнодушен од настапот на Јана Слеј која прва настапи, но ниту од “Ванилаз” кои се соблекоа на сцената. Ѕвездите од Словенија направија вистински спектал, журкајќи се со публиката.
Сетовите на диџејските дуа “Винаи” и “Нерво” беа оние кои журката ја продолжија до раните утрински часови заедно со публиката која пееше и скокаше пред подиумот. Тие беа и хедлајнери на првата вечер од “Охрид колинг” кој го организира “Авалон”.
Тридневниот фестивал се одржува по една година пауза, а поради пандемијата од коронавирусот.
„Охрид колинг“ има уште две журки, а вечерва ќе настапат македонскиот диџеј Делоски, Сара Јо и Сенида. Организатор на фестивалот е „Авалон продукција“.