Девојки, искористете го целосно соло – статусот!

Од:

Дали се сеќавате на себи си кога имавте 20 години. Веројатно бевте малку послободни и повеќе излегувавте со девојки, отколку кога имавте подобра половина со која седевте на креветот и гледавте некој филм или патувавте со него некаде на викенд. Нема ништо лошо ниту во едната ниту во другата опција, но сепак една девојка треба да си доволи малку „лудост“ пред да започне врска. Постојат некои нешта што секоја жена треба да ги направи пред да се смири и да почне да фантазира за цвеќиња и тивок семеен живот.

Посветете се на себеси, помалку хедонситички и уживајте во вашата независност, направете ги овие пет работи што треба да ги направи секоја девојка пред да се смири:

1. Живејте сами.

Плетењето на љубовно гнездо со вашиот дечко или животот со цимерите на факултет може да биде урнебесно забвно, но никогаш нема да научите нешто за себе додека не почнете да живеете сами. Можете да се шетате голи во вашиот стан, да пеете под туш и да имате апсолутен мир и тишина во домот додека самите себеси сте си утеха.

2. Исполнете го вашиот сон.

Секогаш сте сонувале да скокнете со падобран? Дали сакате да напишете роман? Или можеби само сакате да се фотографирате на Ајфеловата кула? Не е важно какви се вашите соништа, но следете ги се додека ништо не ве спречува

3. Патувајте.

Не го одложувајте Лондон, Португалија или некое друго место за времето кога ќе ја пронајдете вашата сродна душа. Соберете ги парите и најдобрите пријатели и веднаш на одмор во вашата омилена дестинација.

4. Победете ги своите стравови

Без разлика дали имате или немате партнер, треба да се трудите да ги победите вашите стравови во текот на целиот живот. Со поддршка или сама победата е едно од најдобрите чувства во светот. Без разлика дали тоа е говор, топлес на плажа или шефот на работа, справувањето со проблемите и стравот ја гради вашата самодоверба и позитивно влијае на другите аспекти од вашиот живот, па и на љубовта.

5. Искористете го максимално вашето време.

Додека сте сингл, имате време за се, па дури и повеќе од тоа, а не сте свесни за тоа. Освен работата или училиштето, во вашиот дневен распоред вметенете само по некое кафе со пријателите, а остатокот од времете потрошете го за некое ваше хоби или за она што мислите дека најмногу ве привлекува. Почнете да учете странски јазик. Навистина има безброј можности, бидејќи штом ќе се смирите ќе почнете да размислувате за семејството, овие мали нешта за жал ќе бидат последни на листата.

 

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска