Истражувачки тим од Манчестер спроведе студија со цел да истражи зошто постојат повеќе сплетки меѓу девојчињата, отколку меѓу момчињата.
Студијата покажа дека девојчињата се пољубоморни, па кога ќе препознаат дека училишната другарка им е конкуренција кај наставничката или кај врсниците, почнуваат да се однесуваат мошне непримерно.
Многу вешто манипулираат со останатите другарки, само за да добијат поддршка да се нафрлат на некоја од соученичките.
Дури 70 отсто од нив редовно го издава кај учителката девојчето, кое поради своите квалитети им е трн во окото на другите, измислува приказни за неа и смислува како би можела да и напакости, иако всушност никому ништо не му згрешила.
Нешто помалку од 20 отсто се подготвени и физички да се пресметаат, не плашејќи се од ништо.