Боби Пингаро, го опиша нејзиното детство и начинот на кој мајката ги воспитувала неа, нејзината сестра и браќа, поради што како мала била многу несреќна, но денес и е многу благодарна.
Додека другите деца јадеа слатки за појадок, јас морав да јадам снегулки, јајца или двопек. Додека другите деца јадеа колачи за вечера и пиеја кока-кола, јас морав да јадам сендвич. А и ручекот не ми беше како нивниот.
Но барем не страдам сама. Мојата сестра и двајцата браќа ја имаат истата лоша мајка.
Мојата мајка секогаш сакаше да знае каде сум. Човек би помислил дека се дружам со улична банда. Таа мораше да знае кои ми се пријатели и каде одам. Упорно бараше да се вратиме за еден час ако така сме кажале или порано, а не за еден час и една минута. Се срамам да признаам таа би ќе не казнеше кога немаше да ја послушаме. Не еднаш, туку секогаш кога правевме како што нам ни одговара. Сега гледате колку лоша била нашата мајка.
Ние моравме да носиме чиста облека и да се капеме. Другите деца секогаш носеа иста облека со денови. Многу се расправавме затоа што сама ни шиеше облека за да заштедиме пари.
Зошто, зошто сме имале мајка поради која се чувствуваме поинакви од другите деца?
Но, најлошто само што доаѓа. Моравме да бидеме во кревет во девет часот секоја вечер и да станеме во осум следниот ден. Не можевме да спиеме до пладне како другите деца. И додека тие спиеја, мојата мајка воведе закон за работа. Така моравме да работиме по дома. Моравме да миеме садови, да местиме кревети, да готвиме и да работиме други страшни работи.
Секогаш моравме да зборуваме вистина, вистина и ништо друго освен вистина, дури и по цена на сопствениот живот.
Кога станавме тинејџери, стана помудра, а нашиот живот уште понесреќен. Немаше свирење со автомобили пред домашната врата. Моравме своите момчиња и девојки да ги поканиме дома пред да излеземе со нив. За да ги запознае мајка ми. И секогаш проверуваше дали сме таму каде каде што и кажале дека ќе бидеме. Никогаш немав можност да избегам со другарите. И додека моите пријатели имаа момчиња на возраст од 12 и 13 години, јас не смеев да излегувам до 16.
Со текот на годините работите не се менуваа ниту најмалку. Ние не можевме како нашите пријатели да лежиме болни во кревет и така да го одбегнуваме училиштето. Ние моравме да имаме добри оценки. Додека ученичките книшки на нашите пријатели беа „шарени“ со добри и лоши оценки, ние моравме да имаме само добри оценки. Слабите оценки не доаѓаа предвид.
Така еден по еден матуриравме. Со мајката зад грб која секогаш непрекинато ни зборуваше, повторуваше, инсистираше, казнуваше и бараше почитување, никој од нас не можеше, а да не заврши најмалку средно училиште.
Мојата мајка навистина беше катастрофа. Од нас четири деца, тројца завршија високо образование. Никој од нас никогаш не бил уапсен или дошол дома под дејство на алкохол. Моите двајца браќа на време го отслужија воениот рок.
И кого сега да обвините за тоа што станавме? Во право сте, нашата мајка. Видете што се пропуштивме! Никогаш не пиевме, крадевме, не уништувавме работи, ниту правевме нешто возбудливо како нашите пријатели. Се на што не учеше беше да пораснеме во вера во Бога и да станеме човечни и силни личности.
А сега и јас ги воспитувам така своите три деца. И ги разбирам кога мислат дека малку сум лоша. Но, со тоа и се гордеам.
Затоа што, гледате, јас му благодарам на Бога што ми ја даде „најлошата мајка“ на светот.