Постојат повеќе игри, кои се интересни за децата, но и такви кои се подеднакво корисни.
Следуваат шест забавни активности, во кои децата ќе уживаат, а кои истовремено ќе влијаат врз развојот на нивната интелегенција:
Криенка
Ова е една од најстарите игри, која истовремено претставува забава за вашето дете, како и интересна активности, со која децата развиваат сособности за ориентација и снаоѓање во просторот.
Коцки
Коцките претставуваат една од најстарите игри. Тие му помагаат на детето да експериментира, да стекне способност за поставување хипотези (Што ќе се случи ако ја поставам големата коцна на малата?), да ги проверат, како и да донесуваат заклучоци. Психолозите велат дека овој вид активности претставуваат база за натамошниот развој на научното размислување.
Песок и вода
Чаша вода, песок и неколку чаши и лопатка можат да го задржат вниманието на детето со часови. Низ оваа игра детето истовремено ќе се запознае со текстурата на смесата и со различни агрегатни состојби. На овој начин детето се учи и на посветеност на работата, како и на истрајност додека трпеливо се запознава со фактот дека водата, која ја става во песокот полека исчезнува.
Обратни улоги
Во оваа активност вие му дозволувате на детето да биде главно. Која игра и да ја играте дозволете му на детето да одлучи како ќе изгледа и колку долго ќе ја играте.
Облекување
Играта облекување ја развива фантазијата, креативноста и дури контролата, кои се мошне важни за секое дете. Со маскирањето детето се оддалечува од самото себе, што го тера да покаже поголема самоконтрола.
Игра готвење
Му давате на детето сад и дрвена лажица и го оставате да готви. Иако детето знае дека тоа не е вистинско готвење, тоа навистина се забавува и истовремено развива способности, кои водат до описменување.