Детал кој менува сè: Што ќе се случи со богатството на Џин Хекман од 90 милиони долари

Од:

Своето богатство од речиси 90 милиони долари Џин Хекман во тестамент и го оставил на сопругата Бетси Аракава, но се уште не се знае дали и колку пари ќе добијат неговите три деца од првиот брак.

Веста за смртта на 95-годишниот актер Џин Хекман и неговата 65-годишна сопруга Бетси Аракава ја изненади јавноста, особено што многумина не знаеја дека двократниот оскаровец боледува од напредната форма на Алцхајмерова болест.

Уште поголемо изненадување беше фактот што богатството на Џин Хекман се проценува на речиси 90 милиони долари.

Сега се појави тестаментот на Хекман, во кој тој го остави своето богатство на својата сопруга Аракава. Ја поставил и за извршител на неговиот тестамент.

Неизвесно е дали неговите три деца: синот Кристофер Ален (65) и ќерките Лесли Ен (58) и Елизабет Џин (62) се наведени во тестаментот – не само затоа што ги добил во претходниот брак со Феј Малтезе, туку и затоа што не биле блиски.

Наводно, легендарниот актер некогаш бил многу отуѓен од своите деца, што ги намалува шансите да ги спомнал во тестаментот.

Многумина сметаат дека за тоа се виновни напорната холивудска кариера и разводот, а делумно објаснување даде и неговиот внук Тим Хекман.

„Мислам дека вујко ми не знаеше да биде татко. Тој ги сакаше своите деца, но никогаш не ги покажуваше. Тој беше отсутен татко и го плати тоа на крајот“.

Зборувајќи за Дејли Мејл, експерт за семејно право рече:

„Да умреше прво тој, а Аракава да преживеаше, тоа ќе беше „Трета светска војна“. Неговите деца веројатно ќе полудеа“.

Се појави и тестаментот на Аракава, според кој таа го оставила целиот свој имот на хуманитарни организации и предвидувала сите нејзини пари да одат во добротворни цели и за медицинските долгови.

Хекман, кој боледувал од Алцхајмерова болест, наводно го потпишал најновиот примерок од својот тестамент на 7 јуни 2005 година.

Иако не е јасно како ќе се поделат имотот и богатството, јасно е дека семејството на Бетси Аракава е исклучено да наследи било што, бидејќи според мексиканскиот закон, брачниот другар располага со наследството, а како што е познато, Аракава била првата што умрела.

Притоа, адвокатката Џулија Питерс беше именувана за извршител на последните тестаменти и на Џин Хекман и на Бетси Аракава.

За потсетување, како во сценарио достојно за еден од најголемите холивудски трилери, безживотните тела на Џин Хекман и Бетси Аракава беа пронајдени во нивниот дом на 26 февруари во Санта Фе, Ново Мексико.

Според најновите детали објавени од официјалните лица на Санта Фе, Аракава починала на 11 февруари од редок вирус што се пренесувал преку измет на глувци, додека Хакман починал од последиците од срцеви заболувања на 18 февруари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Свршеницата го разоткри Калкин: „Не знае да вози, никогаш не праел алишта…

Предраг Петровиќ

Марко Бошњак ја коментираше својата сексуална ориентација: „Сакам да живеам отворено и да не се кријам“

Откриено е како починаа актерот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Атакава

Џин Хекман не знаел дека неговата сопруга е мртва-новите наоди од обдукцијата стануваат почудни

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

Skype заминува во историјата