Во обидите да го дешифрирате тоа што бебето ви го зборува, посветете внимание на околностите, бидејќи едно нешто во специфично опкружување може да значи нешто сосема друго, отколку во некои други услови.
Следуваат неколку сигнали:
– Доколку детето ги покрие очите со рацете можеби сака да ви каже дека му е доста од одредена стимулација и дека сака да се одмори.
– Доколку ги цица и гриза прстите веројатно наговестува растење на заби.
– Доколку го врти погледот на страна веројатно ви зборува „можеш ли да ме оставиш на мира/престани тоа да го правиш“.
– Гласно, ургентно плачење со висок тон, значи дека бебето веројатно ви порачува: „ме боли!“.
– Придушено, тажно плачење може да значи дека бебето ви говори „уморно сум!“.