Софија беше најпопуларно име за девојчиња во 2015 година, а во годината која ни претстои ова име ќе биде симнато од престолот.
Порталот „Disney Baby“ состави листа на женски имиња, за кои се предвидува дека ќе биде најпопуларна во 2016 година.
Некои имиња се универзални и прилагодливи на разни јазици, па нема сомнение дека ќе ги носат многу девојчиња кои во новата 2016 година ќе дојдат на свет.
1. Амелија (Amelia): германско име кое значи „работа“. Ова име е меѓу петте најпопуларни женски имиња во последните години.
2. Оливија (Olivia): ова е женствено и нежно име, потекнува од маслиновото дрво. Беше долго време најпопуларно име за девојчиња во 2015 и 2014 година.
3. Ема: уште едно убаво, едноставно женствено име кое значи „универзална“.
4. Шарло, Шарлота (Charlotte): женска верзија на Чарлс (Charles) кое значи „слободен човек“. Во 2015 година беше многу популарно име поради тоа што така се вика британската принцеза, ќерката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам. Сигурно е дека неговата популарност ќе продолжи и во 2016 година.
5. Ела: зад ова едноставно и слатко име се крие значењето „се“ или „целосно“.
6.. Ева (Ава): едноставно име, класично име кое значи „живот“.
7. Миа: уште едно класично женско име кое значи „моја“.
8. Изабела: ова име значи „ветување на Господ“, а популарноста ја стекна благодарение на главниот женски лик во филмската сага „Самрак“ – Бели.
9. Ебигејл (Abigail): ова старинско име значи „мојот татко е радосен“, а во последно време стана повторно популарно.
10. Емили (Emily): позади ова нежно име се крие силно значење – „соперник“.