Десет години без Маргита Стефановиќ

Од:

(Белград, 1. април 1959 – Белград, 18 септември 2002 година)

На овој ден пред десет години, почина Маргита Стефановиќ – Маги, музичарка попозната како клавијатурстката на белградската рок група „Екатерина Велика“.

Маргита Стефановиќ е ќерка – единица на театарскиот и телевизиски режисер Славољуб Стефановиќ – Равасија.

Завршила средно музичко училиште, а дипломирала на архитектура во 1982 година.

Важела за добар архитект, но и за добар пијанист, претежно во класичната музика.

Пресвртна точка во нејзината музичка ориентација преставува присуството на формирањето на бендот на Милан Младеновиќ, „Катерина II“. На 1. мај 1982 година ги запознава членовите на групата „Електрични оргазам“ па со дружењето со нив и Милан Младеновиќ добиваат идеја и таа да биде дел од тимот.

„Катерина II“ во 1985 година го менува своето име во „Екатерина Велика“ и така функционира се до 1994 година. Во овој период Маргита Стефановиќ прави музика за театар и филмска музика, а гостува и на повеќе албуми на познати југослевенски групи.

Во 1985 година се појавува во филмот на Горан Марковиќ „Тајванска канаста“, во улогата на сестрата на главниот лик. Во филмот исто така учествуваат и „ЕКВ“ со песната „Тату“.

По распаѓањето на „ЕКВ“ таа продолжува да компонира. Со неколкумина музичари од Белград кон крајот на 1994 година го формираат бендот „Курајбери“ со кој главно свират странски и домашни хитови во клубовите во Белград.

На крајот на 90-тите нејзината музичка активност слабее.

Во 2002 година ја составува музиката за претставата на Хајдан Балетич – „Капут мртвог човека“, што е и нејзин последен музички акт.

Последните години Маргита Стефановиќ ги помина во Белградскиот центар за бездомници. Почина на 18. септември 2002 година во клиниката во Белград. Причината за смртта не беше официјално објавена, но се претпоставува дека таа почина поради последиците на долгорочната употреба на дрога.

За Маги постои и една „урбана легенда“ поврзана со првиот белградски графит. Небојша Крстиќ, поранешен член на „ВИС идолит“ на нејзиниот дом во Славија напишал „Margita je dečak (Маргита е момче).“

Многу години подоцна, графитот избледнал, а над него некој друг напишал „Prozor mora pasti – (прозорецот мора да падне).”

Зоран Предин, фронтменот на словенечкиот бенд „Lačni Franz“ инспириран од Маргита Стефановиќ и ја посвети песната „Коса боја сребра“.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ