За детето да биде послушно или да направи нешто што е за негово добро, мајките кажуваат некои од најдуховитите и често најбесмислените закани некогаш изговорени.
1. „Ако не ги облечеш чевлите, ќе одам без тебе“
Навистина, каде мајката би одела без детето и дали барем едно дете поверувало дека ќе биде оставено во супермаркет.
2. „Сакаш да те удрам по газето“
Колку деца на тоа прашање одговориле со „Да, мамо, сакам да ме удриеш по газот“.
3. „Ако не ги наместиш играчките, одиш право во кревет“
Дали во 11 часот наутро ќе го ставите детето во кревет?
4. „Ако не престанеш со тоа, се враќаме дома“
Дали одењето на лекар, во банка и во градинка може да почека неколку дена, затоа што детето го чепка носот?
5. „Имаш триесет секунди да ги наместиш играчките или сите ќе ги фрлам во ѓубре“
Навистина? Навистина ли ќе ги фрлите?
6. „Ако не го изедеш тоа, повеќе никогаш нема да добиеш вечара“
Ова навистина нема никаква смисла.
7. „Бројам до три. Ако не престанеш, ќе видиш убаво“
Но, и мајката не знае што детето ќе види.
8. „Дали се обидуваш да ме изнервираш?“
Од кога малите деца се злонамерни, кои прават планови како да ја полудат мајката?
9. „Ако не почнеш да ме слуша, ќе престанам да зборувам“
Но, дали мајката престанува да зборува.
10. „Ако не престанеш да си играш со храната, ќе ја сокријам“
Голема е веројатноста ако детето си игра со храната да не е гладно. Криењето на храната нема да го налути или казни, туку ќе биде среќно што не мора повеќе да се досадува на масата.