Денот треба да Ви започне со лимонада

Од:

Од лимонот не се фрла ништо – сокот, „месото“, кората – се има лековита цел.

Оваа драгоцено овошје лекува од настинка и белодробни болести, а ги ублажува и ревматските болки.

Лимонот се наоѓа на самиот врв на продукти кои што содржат антиоксиданси.

Благодарение на лимонската киселина, тој ги неутрализира токсините и нивното дејство, го забрзуа разградувањето на мастите и ја подобрува асимилацијата на хранливите состојки. Лимонот содржи селен и витамини Ц и Б, а го подобрува имунолошкиот систем и го забавува стареењето.
Испијте чаша свежо цедена лимонада веднаш откако ќе се разбудите и ќе ги спречите сите зимски болести, а ќе го поправите и расположението. Ако „чистата“ лимонада е, сепак, премногу кисела за вашиот вкус, измешајте ја со малку сок од портокал, или додете малку мед.

Лимонот можете да го користите како замена за оцет. Салатите ќе живнат со овој цитрус, а лимонот можете да го додавате и во разни преливи за тестенини.

Најпозната е употребата на лимонотво специјалитетите од риба. Мирисот на сокот од лимон во овошна салата дава посебен вкус, а исечканото овошје подолго останува свежо. Не заборвајте! Лимонот секогаш се цеди во последниот момент и на чинијата се става непосредно пред послужување на јадењето. На тој начин ги задржува сите витамини и минерали кои инаку се чувствителни на воздух и на светлина.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска