Третиот понеделник во годината е денот кога повеќето луѓе се чувствуваат лошо и затоа денеска е познатиот “blue monday” – најдепресивниот ден во годината.
Истражувањата покажале дека 75 отсто од луѓето како најголем виновник за ваквото чувство го посочиле малото присуство на дневна светлина, бидејќи јануари само по себе е депресивен месец, времето е лошо, а денот трае кратко.
Меѓутоа тука влијание имаат и времето, мотивацијата и потребата за движење.
„Мотивацијата во овој период е многу мала. Постои ефект кој се нарекува ефект на хибернација, кога луѓето се чувствуваат летаргично и кога јадат повеќе од потребно“, истакна клиф Арнал, психолог од Универзитетот во Кардиф.
Депресивниот понеделник е резултат у на минусот на сметката после празничните трошења.