Денешните возрасни лица се толку нездрави, што се 15 години „постари“ од што биле нивните родители, баби и дедовци, кога биле на нивна возраст, истакнуваат научниците.
Денешната млада популација е многу поизложена на зголемен крвен притисок, дијабетис и гојазност отколку претходните генерации, истакнуваат холандските научници кои го спровеле истражувањето. Тие подолг период испитувале 6.000 лица на возраст од 20, 30, 40 и 50 години и утврдиле дека младите генерации имаат полошо „метаболичко“ здравје.
– Ќе наведам само еден од примерите. Генерално гледајќи, денешните возрасни луѓе стануваат гојазни на 40 години, додека порано таа граница беше 55 години. Тоа зборува дека тие во свои години се „постари“ од претходните генерации за 15 години. И тоа не е единствен пример, истакна холандскиот експерт Гербен Халсиџ.
Тој вели дека се работи за трендови и дополни дека ефектот од значителното намалување на бројот на пушачи во светот ќе го видиме во годините кои доаѓаат.
– Тоа е еден од факторите кои во иднина би можел да го продолжи животниот век на луѓето, пренесува Дејли меил.
– Но, наспроти тоа, „епидемијата“ на гојазност може да го забави тоа продолжување на животот, заклучува тој.