„Ден на калинката“ во Валандово за здрави поколенија

Од:

Потребни ни се здрави поколенија и затоа треба да се помогне децата да стекнуваат навики за здрава храна и околина во интерес на нивната иднина. Тоа го порача денеска претседателот Ѓорге Иванов, кој со сопругата Маја Иванова присуствуваа на манифестацијата „Ден на калинката “ во Валандово, во рамки на кампањата „Здрава храна за детство без мана“.

Децата, посочи Иванов, треба да ја знаат моќта на овошјето, на зеленчукот, и на сето она што го дава нашето поднебје.

– Навистина ми е мило што децата ги стекнуваат овие навики постојано да се хранат со здрава храна, да се во здрава околина, и навистина да вложуваме за млади за иднината. А ние сме тие што мораме да мислиме за иднината на младите, изјави претседателот Иванов.
На настанот, на кој учествуваа и Николче Чурлиновски, градоначалник на Општина Валандово, ракометарот Наумче Мојсоски и поранешниот фудбалер Миле Боев, децата од валандовското основно училиште „Јосип Броз – Тито“ имаа можност да берат калинки и да се запознаат со корисните својства на тој вид овошје.

Сопругата на претседателот Маја Иванова, која е покровител на кампањата „Здрава храна за детство без мана“ нагласи дека денешниот настан со берба на калинки е организиран малку поневообичаено од претходните, на кои имаше приредби и посета на фабрика за ориз.

– Денес сме на нива, каде што со децата имавме берба на калинки. Децата можеа да се запознаат како расте калинката, како се бере калинката, кои се нејзините хранливи состојки. Уште еднаш, од овде од Валандово, повик до сите оние кои се вклучени во правилен развој на децата, да се подигне јавната свест на целото општество за тоа што значи здравата храна за младите поколенија, затоа што здрави поколенија се и здрава држава, изјави Иванова.

Целта на кампањата „Здрава храна за детство без мана“ е да се подигне свеста за консумирање здрава храна кај децата и учениците. Кампањата се реализира трета учебна година во градинките и училиштата, како дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ во соработка со Министерството за образование и наука и здружението „ОХО“.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска