„Дејли Мејл“ ќе и исплати отштета на Меланија Трамп од 150 милиони долари

Од:

Британскиот проториевски таблоид „Дејли Мејл“ се согласи да и исплати 150 милиони долари, како отштета , на американската прва дама, Меланија Трамп, за објавување на текстот дека како млада, работела и како „ескорт дама“.

Спогодбата е постигната пред лондонскиот Виш суд, каде адвокатите на Меланија поднесоа тужба во февруари оваа година.

Во текстот, што „Дејли Мејл“ го имаше преземено од еден словенечки забавен неделник, се вели дека Меланија како млада, додека во Њујорк работела како фото модел, во одредени делови од денот била ангажирана и како „ескорт“дама- придружничка на мажи.

Лондонскиот весник, подоцна се извини за текстот и го тргна од својата документација на интернет.

Текстот се појави во текот на предизборната кампања на нејзиниот сопруг, сега претседател на САД, Доналд Трамп.

Некои лондонски медиуми, откриваат дека спогодбата пред судот, првично, вредела три милиони долари, заедно со судските трошоци.

Извори за кои се тврди дека се блиски до спорот, тврдат дека целата судска парница била покрената за да се искористи како „уникатна можност“ за промовирање на Меланија, како „бренд“ за подолго време, сега како „права дама“ на САД, има можност да биде најфотографираната жена во светот.

Критичарита на Трамп и неговото семејство во САД, покренале прашање за тоа дали Меланија Трамп има намера да прави бизнис од позицијата што ја има сега и ќе ја има (барем) до јануари 2021 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трансформациите на првата дама на САД – Меланија Трамп

А1он

(ВИДЕО) Снимката од разговорот на Меланија предизвика дебата: На кој јазик зборува?

А1он

Читателите на усни откриваат за што разговарале Меланија и Трамп за време на танцот на инаугурацијата

А1он

ВИДЕО: Меланија блескаше на балот, а потоа се појави Иванка

Предраг Петровиќ

Шеширот на Меланија Трамп предизвика различни реакции: Дали беше прикладен за инаугурацијата?

Предраг Петровиќ

Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута