Децата во креветот на родителите доаѓаат по утеха

Од:

Психолозите нагласуваат дека се до 12. година децата имаат потреба за повремени „ноќна прегратка или бакнеж“ и оти е нормално детето од време на време да дојде во креветот на родителите.

Детето во креветот на родителите доаѓа кога му треба прегратка како утеха бидејќи нешто лошо сонувало или имало стресни ситуации преку ден.

За детето да има мирен сон мора да се одреди времето за спиење. Не треба да има телевизор во детската соба бидејќи програмата ги расонува. Исто така, на детето не треба да вечера оброци полни со шеќер како што се житарки, чај или чоколадо. Децата се раздразливи и на светло, звуци, растењето на заби, а не можат да заспијат ако им е претопло или студено.

Психолозите потенцираат дека децата не треба доцна да одат во кревет бидејќи следниот ден ќе бидат уморни, можат да покажат бес или да се повредат. Хормонот на раст кај децата најмногу се лачи ако спијат во периодот од 21 до 24 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска