Многумина велат дека со годините стануваме помудри, но тоа нека не ве залажува, некои работите децата ги знаат многу подобро од вас. Следува што треба да научиме од нив:
Малите деца отворено зборуваат за своите потреби, јасно и гласно и воопшто не ги интересира дали во просторијата е вашиот шеф или сосед, ќе ви кажат без да се воздржуваат. Добро, ние сме возрасни и знаеме дека не е пристојно за тоа да зборуваме пред другите, но за многу од своите проблеми би требало да зборуваме многу поотворено и на сите би им било полесно.
Децата не се оптоваруваат со тоа случило вчера или пред пет часа. Тие уживаат во моментот, навистина се посветуваат на она што го прават, односно со што си играат. Не би било лошо кога сите малку повеќе внимание би и посветиле на сегашноста, наместо на минатото, зарем не?
Децата се радуваат на малите работи, кои ние често ги забораваме. Ја знаете таа непроценлива насмевка кога ќе им го купите омиленото слатко или нова играчка? И што е поважно, не се радуваат само на материјалните работи. Децата се неописливо среќни кога мајката и таткото ќе ги помилуваат, ќе им кажат убав зборови, ќе ги бакнат, ќе им покажат љубов на кој било начин. Кажете што е тоа што вас последен пат толку ве израдувало?
Уште една предност на децата е тоа што имаат големи сонови и апсолутно не ги интересира што некој друг ќе мисли и рече за тоа. Да тие без проблеми еден час ќе се претвораат дека се диносауруси само затоа што тоа ги прави среќни.
Иако често ви оди на нерви кога децата врескаат затоа што со нешто не се задоволни и вие сигурно подобро би се чувствувале кога понекогаш бесот, незадоволството, тагата би ја исфрлиле од себе. Многу е погрешно да се мисли дека возрасните луѓе секогаш мораат да бидат смирени. Сериозно, покажете емоции, какви и да се.
Децата се искрени. Детската искреност понекогаш може да изгледа сурово, но тоа е искреност. Можеби не ви е по желба кога децата ќе речат „не ти се убави тие чевли“, но овој свет сигурно би можел да биде многу поубаво место кога едни на други помалку би си ги „мачкале очите“.
Децата не губат време на работи кои не ги прават среќни. Знаеме, возрасните лица имаат обврски кои мораат да ги завршат без оглед на тоа што тоа не им се допаѓа, но барем во ситуации кога можете да бирате, оставете се што не ве прави среќни – лошата врска, подлите пријател…