Родителите се обидуваат да ги заштитат децата од непријатни ситуации, страдања, болка. И тоа е сосема нормално и природно. Сепак постојат ситуации во кои е пожелно е да се направи исклучок.
Малите деца немаат чувство за простор и време, не им е јасно значењето на зборовите „вчера“ и „утре“, ниту дали нешто можат да јадат, бидејќи структурата на нивниот мозок не е доволно изградена. Поради тоа, вели др. Товах Клајн од Центарот за развој на децата во Бернард колеџот, ие не владеат со вештините, кои возрасните од многу одамна ги научиле, не знааат да управуваат со своето време, не ги контролираат своите нагони, не умеат да ги изразат желбите, не знаат да планират и да се носат со стресот.
Она што родителите често не можат да го разберат е дека малите деца понекогаш едноставно мора да паднат.
– Мајките и татковците се обидуваат на децата да им го претстават светот како идеално место, во кое нема пречки и проблеми, солзи и модринки, но тоа не е точно, нагласува Клајн.
– Неопходно е малите деца да искусат како изгледа кога ќе паднат, затоа што така ќе станат личност какви што сакаме да бидат – силни и и отпорни на сите катастрофи.