Дарвин сепак признал дека ја отфрла Библијата

Од:

Писмото на англискиот научник и биолог Чарлс Роберт Дарвин во кое пишува дека не верува во Библијата како божествено откровение, ниту во тоа дека Исус бил Син Божји, наскоро оди на аукција, а се проценува дека може да достигне цена од 70.000 до 90.000 долари

22 септември 2015

Гардијан – Лондон 

Во декември 1880 година Дарвин примил писмо од младиот адвокат Ф. А. Мекдермот во кое бара одговор на прашањето дали верува или не верува во Новиот Завет.

– Ако имав задоволство читајќи ги вашите книги, чувстувам дека на крај не требаше да ја изгубам својата вера во Новиот Завет. Причината поради која Ви пишувам е да ми одговорите со да или не, на прашањето дали верувата во Новиот Завет, напишал Мекдермот.

На 24 декември 1880 година точно по 21 година откако излегла неговата прочуена книга „Потекло на видовите‟, која означува нова епоха во разбирањето на еволуцијата на органскиот свет, Дарвин кратко одговорил на младиот адвокат, дека не верува.

– Драг господине, со жалење Ве известувам дека не верувам во Библијата како божествено откровение, поради тоа ни во Исус Христос како Син Божји, напишал авторот на првата модерна теорија за еволуција на живите суштества, со помош на концепт на развивање на сите животни форми во процес на природна селекција.

Одговорот на Дарвин ќе се најде на аукција во аукциската куќа Бонхамс во Њујорк.

Научникот во широк круг избегнувал да одговори на тоа прашање од издавањето на книгата во 1859 година. Во сега веќе класичен текст, Дарвин ја претставил својата теорија за природната селекција во чии рамки видовите се развиваат низ генетски варијации.

Писмото на Мекдермот, иако со многу малку зборови од неговите типични писма, е единствено поради својата теолошка содржина. – Ако сте Дарвинов колекционер, ова е единствено парче. Тоа е поентата на целата расправа, рече Касандра Хатон, специјалист во одделот за книги во аукциската куќа Бонхамс.

Дарвин со децении избегнувал да ги објави своите идеи за еволуцијата, за да го заштити своето семејство од какви било скандали, посебно својата религиозна жена. Во одговорот до Мекдермот напишал „приватно‟ на работ на писмото, значаен додаток кој подразбира провокативна содржина. Дури и на 71-годишна возраст, бил многу внимателен во изразувањето и убедувањата околу верата.

– Дарвин никогаш не се покажувал со тоа дека не верува, но тоа никогаш не го негирал, вели Дејвид Куамен, автор на биографијата „The Reluctant Mr. Darwin‟ и автор на илустрирано издание „Потеклото на видовите‟. – Исто така, никогаш тоа не го напишал на хартија, искрено како што му пишал на Мекдермот, додаде тој.

Мекдермот не бил прв кој бил заинтересиран за Дарвиновиот став, а се претпоставува и одговорот на прашањето поради што Дарвин се одлучил да го прекине заветот на молчење.

Во почетокот на доцните 60-ти години на 19-от век, Џозеф Плимсол испратил неколку писма до Дарвин, „длабоко загрижен за спас на неговата бесмртна душа‟. Анонимец под името „Божје дете‟ во 1871 година напишал: „Ох, човече, човече, човече, зошто да се завиваш во своите мрачни теории на сопствената фантазија и ги трошиш своите денови, да покажеш дека Бог е лажливец?‟. Слични писма следеле и понатаму.

Можеби Дарвин бил исцрпен од прашања и молби, а можеби и искрениот апел на Мекдермот заедно со мислата дека нема да го објави одговорот, го уверило Дарвнин тоа директно да го реши. – Можам само да замислам што му поминувало низ глава, кога добил ваков одговор, вели Хатон.

Мекдермот го одржал зборот и писмото останало приватно повеќе од 100 години. Последниот пат на аукција се нашло во 1996 година.

По смртта на Дарвин во 1882 година, почнале да кружат гласини за премислување на смртната постела. Но, писмото кое Дарвин го напишал две години претходоно покажува дека тоа не е точно.

– Маглата и лагата ја заокружиле темата на Дарвиновото верување или недостигот на истото повеќе од еден век, вели Куамен. Се откри дека писмото на Мекдермот од 1880 година е вистински историски документ кој ги потврдува сите други прави докази кои ги имаат за Дарвиновиот строг, храбар агностицизам во текот на втората половина од неговиот живот.

Аукциската куќа Бонхамс наводно истакнала „голем интерес‟ за писмото. Ќе се продава со други две писма на Дарвин, негова потпишана фотографија и други научни и технолошки артефакти.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска