Данска забрани деца помали од 15 години да користат социјални мрежи

Од:

Австралиските власти лани воведоа забрана за користење на социјални мрежи за деца под 16 години, па Данска најави дека ќе забрани деца под 15 години да го прават истото, пренесува „Ројтерс“.

Родителите ќе можат да дозволат на помлади деца од 13 години пристап до одредени платформи.

Овој потег следува по повикот на премиерката Мете Фредериксен во нејзиниот говор при отворањето на парламентот минатиот месец за воведување ограничувања на социјалните мрежи за деца, поради загриженост за менталното здравје на младите.

„Т.н. социјални мрежи се хранат со одземање на времето, детството и доброто чувство на нашите деца. Ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација, Каролине Стаге Олсен.

Претставниците на Собранието изјавија дека ќе го поддржат овој план.

Децата во Данска најмногу користат Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok.

Според анализа на Данската агенција за конкуренција и потрошувачи од февруари оваа година, младите во оваа нордиска земја во просек поминуваат 2 часа и 40 минути дневно на социјални мрежи.

Би можело да ве интересира

Трамп тврди дека испратил брод во Гренланд; пристигна одговор од Данска

Данска верува дека САД не се откажаа од Гренланд

А1он

Словенија се подготвува да забрани користење на социјални мрежи за помлади од 15 години

А1он

Трамп најавува брз договор меѓу САД, Данска и Гренланд за Арктикот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Данците владеат со европскиот и светскиот ракомет

Фредериксен: Данска нема да им ја отстапи територијата на Гренланд на САД