Иако Францускиот суд пресуди во корист на кралската двојка и ја забрани дистрибуцијата на разголените слики на британската принцеза, данскиот магазин „Se Og Hor“ планира да ги објави спорните фотографии.
Уредникот на магазинот Ким Хенингсен објави дека фотографиите ќе бидат истите оние од францускиот „Closer“ и италијанскиот „Chi“.
„Се работи за сет единствени фотографии на славна личност од А категорија. Ние сме водечки трач магазин во Данска и наша работа е да ги објавиме. Ако посака кралската фамилија и нас да не тужи, ќе се соочиме со тоа“ – изјави Хенингсен.