Три четвртини од мајките признаваат дека тие најчесто донесуваат најтешки одлуки за децата и поради тоа се чувствуваат како да ја уништуваат забавата покажува студијата на британската компанија Вотер Бејбис, спроведена на две илјади мајки.
Речиси 70 отсто од мајките се принудени да изигруваат лош полицаец, додека татковците имаат улога на добар полицаец. Понежниот пол е фрустриран поради ова и често пати се прашуваат дали се престроги.
Уверени се дека децата ги поврзуваат со домашните работи и обврските, додека татковците ги поврзуваат со играта и забавата. Поради тоа понекогаш се љубоморни на партнерот, а дел од нив и поради тоа се скарале, потврдува истражувањето.
Меѓутоа кога жените немаат обврски тогаш на површина излегува нивната забавна страна. Најмногу се радуваат на заминување на плажа, игра во дворот и пливање.
– Мајките се движечка сила на секое семејство и прават се за семејството подобро да функционира. Тие се глас на разумот, што не е секогаш забавно. Токму поради тоа улогите меѓу нив и татковците треба рамномерно да се распределат, нагласуваат од Вотер Бејбис.