Дали вашето дете е генијалец?

Од:

Мошне важно е родителите на време да увидат дали детето поседува натпросечна интелегенција за да можат да го избегнат хаотичниот пат, по кој често пати поминуваат неоткриените генијалци.

Научниците сметаат дека натпросечната интелегенција на време се открива само кај три до пет отсто од надарените деца, иако веќе во третата година тие покажуваат недвосмислени знаци, кои родителите би требало да ги препознаат.

Имено мошне е важно родителите на време да увидат дека нивното дете поседува натпросечна интелегенција, за да му помогнат да го избегне трновитиот и хаотичен животен пат, кој кој често пати го поминуваат таквите личности. Бидејќи навистина не е лесно кога чувствувате дека сте поинаков од своите врсници, а не знаете зошто.

Затоа доколку забележите дека вашето осумгодишно дете размислува како да има десет и повеќе години, дека како од шега ги решава математичките проблеми, наменети за постари деца, има големи шанси тоа да биде мал „вундеркинд“. Таквото дете мошне рано и лесно учи да зборува и речникот му е необично богат.

Кога ќе тргне на училиште на часовите претежно се досадува, прави неред или се повлекува во себе, бидејќи брзо сфаќа што предава наставничката. Тоа за жал не значи дека успешно ќе го заврши школувањето.

Малите генијалци ретко покажуваат заинтересираност за тоа што го сакаат повеќето од нивните врсници, попрво се дружат со постари од нив, необично се проникливи и остроумни за својата возраст, без проблеми изнесуваат мислење за личостите од нивното опкружување, но тешко склопуваат пријателства и мошне ги погодува неправдата.

Надареното дете често поставува премногу сериозни и збунувачки прашања за животот. Доколку кај своето дете сте ги забележале овие особини, задолжително посоветувајте се со детски психолог.

Доколку психолошкото тестирање открие дека неговиот коефициент на интелегнција надминува 125, во споредба со 100, колку што во просек изнесува IQ за деца, нема сомнение дека станува збор за дете кое има одредени генијални способности.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска