Дали тој е вистинскиот?

Од:

Запознавте човек кој навистина ви се допаѓа и во неговото друштво уживате најмногу, а делите и голем број заеднички интереси. По некое време поминато заедно дојдовте до точката кога морате да донесе одлука дали тој е тој кој морате да го задржите, или дали вашата врска е сериозна.

Како да се одлучите правилно?

Секој маж кој добро изгледа, се негува и има добра смисла за хумор може да биде привлечен, барем на почетокот. Но, запомнете, средбата од неколку часа со некој и секојдневниот живот и брачната заедница се сосема различни приказни.

При одлучувањето за брак со некој, потребно е да се внимава на неколку работи.

Подготвеност за компромис

Тој мора да биде подготвен за компромис. Воопшто не е неопходно вие и вашиот сопруг да имате ист вкус, хоби и интереси. Ако потенцијалниот сопруг секогаш сака да оди по својот пат, тој да ги избира рестораните каде што ќе вечерате, филмовите што ќе ги гледате и ви ги наметнува своите интереси, а воопшто не му е важно вашето мислење, тогаш вие сте со личност со која ќе нема многу „договори“ во иднина. Ако случајот е таков, добро размислете дали е тој вистинскиот или не е.

Грижа и разбирање

Најважната карактеристика на добриот човек лежи во неговата грижа и разбирањето на жените. Таквиот човек никогаш не би ги повредил чувствата на неговата сопруга. Тој ќе биде лојален, загрижен и верен. Потребно е да покажува интерес и разбирање за она што жената го прави. Значи, ако пред вас е човек кој не сака да гледа солзи во вашите очи, сочувствува со вас и ги дели вашите емоции, ги разбира и изговорените и неизговорените зборови,тогаш тој е човек каков што ви е потребен.

Интелигенција и одговорност

Интелегенцијата и одговорноста се два квалитети кои треба да се побараат во секој потенцијален партнер. Тој би требало да биде интелегентен и одговорен доволно за да може да се грижи за себе, но и за вашето семејство. Мора да знае во која насока се движи професионално, како да управува со своите постапки, зборови и лутината. Ако ги пронаоѓате овие квалитети во еден човек, вие сте на вистинскиот пат!

Оптимизам и ведрина

Никогаш не можете да знаете што ви носи иднината. Иако ќе има многу подеми и падови, сепак добро е да се планира иднината. Многу е важно е да се биде со човек кој е избалансиран, има позитивен став кон животот и весело расположение. Со таквата личност е многу полесно да се справи со проблемите што животот може да ги донесе. Ако мислите дека вашето момче знае да се справи со проблемите на најдобар можен начин, и дека ако потоне во несреќата, ќе се обидува да не се удави во неа, и да не ве повлече и вас со него, тогаш тој е вистинската личност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицаец јавно се посрамоти, имал секс со љубовницата во службениот автомобил

А1он

Истражувања: Германците имале подобар секс во време на пандемијата

Ана Ололовска

Веганите имаат двојно повеќе секс од месојадите

Ана Ололовска

В. Британија: Раст на продажбата на машки секс-кукли

Ана Ололовска

Бакнувањето и сексот како лек

Ана Ололовска

Порното е опасно по здравјето

Ана Ололовска