Викањето навидум е безопасно, но овој текст можеби ќе ви го смените мислењето.
Според истражувањето на Универзитетот во Питсбург, секогаш треба да се даде предност на едукацијата и смиреното објаснување, отколку да им се вика на децата. Експертите утврдиле дека викањето може да остави последици на однесувањето на децата.
Утврдено е дека децата, чии родители често им викаат имаат проблеми со контролирање на негативните емоции, како бесот, агресивноста, како и проблемите со недостиг на самодовреба, а исто така се склони кон депресија.
Тие дури тврдат дека викањето може да остави исти емоионали последици како и физичкото казнување на децата.
– Родителите кои им викаат на своите деца мислат дека на тој начин можеби подобро ќе ги воспитаат, но не можете да очекувате децата да се однесуваат поинаку и да ги контролираат своите емоции, ако вие не сте во состојба да ги контролирате своите, велат експертите.
Наместо викање, тие ги советуваат кога ќе почувствуваат ситуација, која ја надминува контролата и кога не можат да ги воздржат емоциите, да се одвојат од детето неколку минути, додека не се смират.
Треба да се има на ум тоа дека личноста на детето кога ќе порасне во голема мера зависи од врската, која ја изградило со родителите.
Сето тоа секако не значи дека е „крај на светот“ ако повремено му свикате на своето дете, туку тоа повеќе се однесува на родители на децата израснати исклучиво во атмосфера на викање.