Дали го едуцирате детето за секс?

Од:

Околу 68 отсто од американските родители кои признале дека никогаш не започнале разговор за секс со своите деца изјавиле дека им е срам да го направат тоа.

Според анкетата спроведена врз примерок од 2.305 родители со најмалку едно дете, повеќе од 12 отсто од нив сметаат дека училиштата треба да ја преземат целосната одговорност за учење на децата за „птиците и пчелите“.

Кај 44 проценти од родителите срамот е причина поради која не разговараат со своите деца за сексот, 27 отсто од родителите изјавиле дека ја избегнуваат оваа тема поради религиски уверувања, а 11 проценти од нив одговориле дека едноставно не веруваат во сексуалната едукација.

Додека околу половина од испитаните родители сметаат дека училиштето треба да ги учи децата за сексот, повеќе од 50 отсто од нив оцениле дека децата на оваа тема треба да учат од своите пријатели. околу 15 проценти одговориле дека за сексот децата треба да се распрашуваат преку браќата и сестрите, а 11 отсто мислат дека треба тоа да го прават преку интернет и телевизија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска