Дали физичкото казнување на децата некогаш е оправдано?

Од:

Судот во Масачусетс одлучи дека родителите не треба да бидат кривично гонети доколку детето го казнат со „воспитна шлаканица“, се додека силата ја користат во „разумна мера“ и не му нанесуваат на детето физичка болка и ментален стрес.

Сепак, експертите сметаат дека ниту безопасниот удар по задникот, иако дозволен, не е препорачлив.

Во  својата пресуда Врховниот апелациски суд ја преиначи пресудата за еден татко кој јавно ја удрил по задникот својата ќерка во 2011 година. Во тоа време девојчето имало речиси три години. Судиите изјвиле дека таквиот удар „останува цврст јазол во општественото ткаење на нашата нација“ и „подразбира дека мораме да ги штитиме граѓаните од можните кривични санкции за употреба на техниките на родителство, кои и натаму се сметаат за дозволени“.

Меѓутоа Судот истакна дека во случаите во кои границата меѓу дисциплината и злоупотребувањето е мошне тенка предност ќе има безбедноста на детето.

Сепак, експертите сметаат дека физичкото казнување е спротивно на она што Судот сака да го промовира. Одлуката се однесува на тоа дека употребата на силата мора да биде поврзана со желбата малолетникот да се заштити и да се стори нешто за негово добро, но Дебра Гилбоа, експерт за родителство и семеен лекар вели дека физичкото казнување не ги исполнува тие критериуми.

– Многу родители на тој начин ги воспитуваат децата, но истражувањата не покажуваат дека постојат какви било позитивни ефекти од удирањето по задникот, смета таа.

– Физичкото казнување ја поткопува вашата улога на личност која е најдоброто друштво за вашето дете. Ја поткопува лекцијата дека не треба со ќотек да го постигнуваме она што го сакаме. Намерното предизвикување болка е во спротивност со сето она што сакаме да ги научиме децата, додава Гилбоа.

Една студија од 2010 година покажа дека честото физичко казнување на тригодишните деца е поврзано со поголем ризик од агресивно дете во петтата година.

Ниту американското Здружение на педијатри не го поддржува „воспитниот ќотек“.

– Секогаш кога родителот ќе го удри своето дете може да го загрози односот на доверба кое на детето му е потребен за да напредува, пишува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска