Дали е можно секое дете да се сака исто?

Од:

Секој родител ќе ви каже дека сите свои деца колку и да ги има ги сака исто. Но, дали тоа е навистина можно?

По доаѓањето на првото дете во семејството ќе мислите дека навистина не е можно никогаш повеќе така да сакате. Првото дете обично има посебен третман и еднакво ќе ве размази вас колку и вие него. Тоа ќе биде воздухот кој го дишете, сонцето кое ве грее.  И тоа е сосема нормално, да го видите целиот свет во таа мала векна леб. Секоја мајка по првото дете се плаши дали ќе може еднакво да го сака второто, третото дете.

Убавата вест е што одговорот е ДА. Колку деца и да имате, љубовта која ќе ја имате за нив никогаш не може да пресуши. Можеби љубовта ќе биде поинаква, но секогаш ќе има доволно за секое дете.

Жените не ретко по првото породување, а особено во текот на втората бременост, се грижат дали е можно и второто дете да се сака еднакво. Повозрасното дете најверојатно во текот на целата бременост ќе се радува на доаѓањето на новиот член во семејството, но пред крајот на бременоста кога средбата со новороденчето наближува, детето би можело да почне да изразува лесна љубомора, но и тага затоа што повеќе нема да го има своето внимание од родителите само за себе.

А потоа малиот нов живот доаѓа на свет. Веќе при првиот поглед на бебето ќе ви биде јасно дека сите сомнежи се отстранети. Дефинитивно можете исто да го сакате вашето дете.

Имате страв дека нема да можете да сакате повеќе деца еднакво? Бидете сигурни дека стравот целоно е неоправдан. Природен е и се јавува кај сите родители, но не треба да ве загрижува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска