Дали девојчињата се повредни од момчињата?

Од:

Момчињата имаат поголем афинитет кон напуштање на училиштето и кон природните науки, додека девојчињата се повредни и повеќе сакаат социјални науки, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во извештајот за образование на младите во 65 држави.

– Разликите во училиштиот успех меѓу момчињата и девојчињата не се последица на разликите меѓу половите, туку на тоа влијае училиштето, семејството и општеството, се наведува во студијата во која се додава дека половите стереотипи се длабоко вкоренети секаде во светот.

ОЕЦД анкетирала 510.000 15-годишни деца во нејзините земји-членки.

– Момчињата покажуваат помала тенденција да му се посветат на училиштето од девојчињата и често го напуштаат образованието со образложение дека тоа е губење на време. Од друга страна, девојчињата помалку сакаат природни науки, како што се математика, физика или информатика, но имаат поголеми амбиции, се наведува во истражувањето.

– Момчињата во просек неделно учат час и половина помалку од девојчињата, затоа што сакаат видео игри, додека девојчињата сакаат да читаат книги, се вели во извештајот и се додава дека на девојчињата попозитивно влијае друштвото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска