Порталот Мамамиа, по писмо од читателка, отвори дебата на друштвените мрежи околу тоа дали бабите и дедовците треба да земаат пари за тоа што ги чуваат внуците, додека родителите се на работа.
– Тие имаат и премногу обврски. Мајка ми ги чува децата, ми ги пере алиштата и ми ги мие садовите. Не излегува од мојот дом се до 17:00 часот, додека јас не се вратам, вели во писмото анонимната читателка, инаку мајка на три деца.
Од друга страна пак, некои го сметаат тоа за благослов за децата.
– Тоа е прекрасен дел од детството, ако бабите и дедовците живеат во близина. Децата се посреќни, а и бабите и дедовците го сметаат тоа привилегија, така што родителите не треба да се чувствуваат виновни, гласи коментар на друга мајка.
– Генерално, бабите и дедовците не сакаат да бидат платени за тоа, гласи друг коментар.
Тоа го потврди и една засегната баба.
– Јас сигурно не би сакала моите деца да ми плаќаат за тоа што ги чувам моите внуци. Уживам во тоа, вели таа.