Цветен фестивал викендов во Скопје

Од:

Во паркот Македонија во Скопје викендов по четврти пат се одржува Скопскиот цветен фестивал, каде посетители ќе имаат можност да купат цвеќе и цветни аранжмани и да добијат корисни совети.

Љубителите на цвеќето, природата и уредувањето на просторот денеска и утре ќе можат да уживаат во изложбени цветни градини на професионалци и ученици, дизајнирање цветни површини, креативни работилници и уметничко катче со еко-пораки, тематски претстави, отворена гaлерија, мултимедијални перформанси и вежбање на отворено.

Фестивалот, кој се одржува под мотото „Скопје е љубов, љубов е цвет“ го отворија градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Душан Авировиќ.

– Скопскиот цветен фестивал е традиционална градска манифестација која го слави цвеќето, зеленилото, природата и другарувањето на отворено. Годинава ќе се претстават дваесетина изложувачи на цвеќе и саден материјал, а ќе можете да се вклучите и во интерактивните работилници, да ја покажете својата умешност во ракувањето со цвеќето, да се советувате, да научите нешто ново, да си купите цвеќе и да ги доукрасите своите тераси и градини со ново зеленило, да се дружите со своите пријатели и да поминете пријатни мигови со своите најблиски, изјави Трајановски.

Посочи дека Градот Скопје во изминативе неколку години многу вложува во разубавување на јавните површини со цвеќе и со зеленило и дека се засадени повеќе од 256.000 садници, а со цвеќе и цветни фигури се украсени многубројни јавни површини.

На фестивалот учествуваат голем број изложувачи, меѓу кои „Флораком“, „Green planet“, „Хорти експерт“, „Пинар С“, „Хорти дизајн“, „Китка“, „Биро проект“, цвеќарниците „Дамбо“ и „Жереми Про“, „Хербалајзер“, „Кактус гарден“, „Indoor garden“, „Фоја“, Шумарскиот факултет, СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Здравко Цветковски“, ДСУ „Лазар Личеноски“ и „Аквамонт“.

Фестивалот е во организација на Град Скопје и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром

Предраг Петровиќ