Мускулите можат подобро да функционираат ако консумирате сок од цвекло, без оглед дали се работи за вежбање со слаб или со тежок интензитет.
Истражувањето на британските стручњаци покажало дека сокот од цвекло може да ја подобри издржливоста на мускулите и воедно да влијае на квалитетот на нивното функционирање.
Научниците се концентрирале на мажи на возраст помеѓу 19 и 38 години кои за потребите на истражувањето возеле собен велосипед. Утврдено е дека консумирањето половина литар сок од цвекло во текот на една недела им овозможува 20 отсто подолго возење на испитаниците.
Стручњаците утврдиле на кој начин цвеклото му помага на телесното вежбање.
Консумирањето на овој црвен сок ја зголемува за двапати количината на нитрат во крвта на испитаниците, со што се намалил степенот на главниот извор на енергија кој мускулите го користеле – аденозин трифосфат. Цвеклото им помогнал на мускулите поделотворно да работат и ја намалил потребната количина на кислород за телесен напор. Мускулите можат подобро да функционираат ако консумирате сок од цвекло, без оглед дали се работи за вежбање со слаб или со тежок интензитет.
Цвеклото е богато со витамини, минерали, белковини, а својата специфична црвена боја ја добива од состојката антоцијан. Оваа состојка делува на регенерацијата на крвта.
Цвеклото, исто така, дејствува и антиканцерогено. Поради антиоксидансот беталаин, цвеклото им помага на лицата со неправилен крвен притисок, а неговите хранливи сокови се познати како чистачи на црниот дроб. Чаша сок од цвекло дневно е најдобар начин за сочувување на здравјето на крвожилниот состав.