Секој детски цртеж е одраз на чувствата на детето, размислувањата и случувањата, иако возрасните често не обрнуваат внимание на зачењето. Сепак би требало да се обрне внимание на боите кои детето ги користи, затоа што тие се огледало на неговата душа.
– Топлите нијанси се знак на спонтаност, чувства, доброто расположение и склоноста кон забави.
– Ладните бои ги користат рационалните деца, но и повлечените, агресивни и чувствителните.
– Среќните деца обожуваат жолта и често ја користат, додека зелената може да значи криење на вистината.
– На вознемиреност и агресија укажува преголемата употреба на црвената боја, а црната е асоцијација на чувството на страв.
– Кафените тонови ги користат децата чии родители се „избирливи“ и премногу внимание им даваат на хигиената и редот, додека сината упатува на потреба за почитување од страна на околината.