ЦИА обучила мачка шпион којашто веднаш била прегазена од такси

Од:

Американската Централно-разузнавачка агенција (ЦИА) скоро ја тргна ознаката за доверливост и објави 12 милиони страници тајни документи на својата официјална интернет страница.

Рускиот историчар Генадиј Соколов веднаш по објавувањето се зафатил да ги прелистува тајните записи, и открил на пример, дека разузнавачката служба на САД потрошила 20 милиони долари за тренирање мачка шпион, која веднаш била прегазена од такси возило.

Тајната операција „Акустично маче” е спроведена во 1960-те под надзор на научникот Боб Бејли. Движењето на мачката се контролирало со помош на микрофон во нејзините уши.

Целта била „шпионот“ да влезе, на пример во Амбасадата на СССР во Вашингтон, и да снима разговори. Се надевале дека малото животно „опремено“ со опрема за прислушување, ќе умее да им се приближи на Русите, без да му обрнат особено внимание.

Мачето било прегазено од такси автомобил уште при првото тестирање.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел