Човек без средно образование ја победи ФИФА: Му го украдоа изумот, на дофат 37 милиони евра отштета

Од:

Меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА ќе мора на Бразилецот Хајне Алемањ да му плати парична отштета во се уште непозната сума, односно на човекот кој го измисли спрејот кој судиите го користат ширум светот при изведување слободни удари.

Врховниот суд на Бразил во вторникот ја отфрли жалбата на ФИФА и им наложи да му платат отштета на Алемањ и на неговата компанија Спуни Комерцио де Продутос Еспортивос за неправилна употреба на неговиот изум.

Во 2000 година, Алемањ измисли спреј со кој судиите ја означуваат позицијата за слободен удар и живиот ѕид. Спрејот го користеше јужноамериканската фудбалска конфедерација КОНМЕБОЛ од 2009 година, а ФИФА првпат го употреби на Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Алемањ ја обвини ФИФА за злоупотреба на патентираниот производ и од нив побара 37 милиони евра обештетување, а се уште не се знае колку пари ќе добие.

Според бизнисменот од Минас Жераис, ФИФА му ја ветила оваа сума за да ги добие авторските права за спрејот. Но, после тоа го пуштиле спрејот без согласност на Алемањ, по што тој ги тужел уште во 2017 година.

Хајне е роден во Итуиутаба, град со нешто повеќе од 100 илјади жители, Хајне Алемањ Виларињо Диас потекнува од семејство со скромно потекло.

Без да заврши средно училиште, Алемањ работел неколку работни места пред да се наметне како огласувач и пронаоѓач.

„Бев доставувач, продавав весници на улица, делев памфлети. Потоа отидов во сметководство, па во печатница… Основав и компанија, бев бизнисмен, работев на телевизија, на реклами, изјави тој за Глобо.

Освен маркетингот, фудбалот отсекогаш бил уште една од страстите на Хајне, поради што дошол на идеја да создаде нешто посебно.

„Самиот изум на спрејот се случи кога имав големи финансиски тешкотии. Работев на неколку места и мислев дека морам да ја сменам судбината, да бидам дел од нешто посебно“, објасни тој и додаде дека дошол на идеја за спреј додека гледал натпревар на ТВ.

Сега кога правдата е задоволена, Хајне планира конечно да ужива со семејството и да продолжи со нови проекти, како што е новиот тип на електричен мотор што веќе го развива.

Би можело да ве интересира

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени