Невројатно вкусен и кремаст колач…
Потребно е:
за кората:
160 гр брашно
30 гр мелени бадеми
30 гр какао
50 гр шеќер
1/4 лажиче сол
120 гр ладен путер
1 лажиче екстракт од ванила
1 јајце
2 лажици ладна вода
за карамел кремот:
300 гр шеќер
1/2 чаша (од 250 мл) вода
1/2 чаша слатка павлака
70 гр путер
1 лажиче сол
за преливот:
1/2 чаша слатка павлака
120 гр црно чоколадо
Подготовка:
– За кората, измешајте ги сите суви состојки и додадете го ладниот путер исецкан на коцки. измешајте и додадете ги јајцето, ванилата и водата. Убаво соединете ги сите состојки со месење со рака и потоа тестото ставете го околу 30 минути во фрижидер.
– Извадете го тестото од фрижидер и ставете го на набрашнета работна површина и тенко развлечете го со сукало со големина на калапот во кој ќе го печете. Одозгора покријте го со пластична фолија и ставете го повторно во фрижидер уште 30-тина минути.
– Извадете го тестото надвор, тргнете ја пластичната фолија и на повеќе места избоцкајте го со вилушка. Одозгора покријте го со хартија за печење и рамномерно распоредете 2 чаши грав (гравот се става за да не нарасне тестото).
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 15 минути. Тргнете ги зрната грав и извадете ја хартијата и вратете го повторно калапот во рерна да се допече уште 15 минути. Оставете да се излади и извадете го од калапот.
– Преминете на подготовка на карамел кремот. Во сад на рингла сварете ги водата и шеќерот. Не мешајте за да не се кристализира, само од време на време протресете го садот. Кога шеќерот ќе добие боја на карамел, додадете ја слатката павлака и варете уште 2 минути. Тргнете го садот на страна, додадете го путерот и малку сол, убаво измешајте и прелијте го тестото.
– Оставете го да се излади и потоа ставете го во фрижидер околу 4-5 часа.