Според листата на најголеми произведители на чоколада на магазинот Candy Industries, оваа година на врвот се најде американската кондиторска компанија Mars со остварени приходи од 16,8 милијарди долари во 2012 година. На второ место е германскиот произведувач на полуларното чоколадо Milka, Mondelez International, којшто минатата година оствари проходи од 15,48 милијарди долари, а на трето е Barcel SA, подружница на мексиканската група Bimbo, со приходи од 14 милијарди долари во 2012 година.
Швајцарската компанија Nestle се најде на четвртото место со приходи од 12,8 милијарди долари минатата година, а најдобар резултат остварила марката KitKat.
Групацијата Mars, инаку, има вработено 32.000 луѓе во вкупно 51 погон, а нејзините најпознати марки, покрај чоколатцата Mars, се Bounty, Twix, Snickers и други.