Читајте им на глас книги на вашите првачиња

Од:

Психолозите велат дека гласното читање е повеќе од корисно, затоа што децата учат да го фокусираат вниманието, им се подобрува меморијата, а текот на времето тоа од нив прави самостојни читатели.

Читателските навики рано се усвојуваат, но експертите велат дека тоа многу зависи од родителите. Затоа, ако сакате вашето дете да ги засака книгите, морате да му дадете добар пример и секоја вечер да одвојувате 15 минути само за таа активност.

Доколку се работи за дете кое е прваче, одберете некоја кратка бајка или приказна. Кога првпат на глас ќе му прочитате, детето ќе слушне како звучат зборовите.

Сепак важно е истата содржина да ја повторите, затоа што детето дури тогаш разбира за што се зборува во книгата. И на кјраот, прочитајте му и ја и по трет пат, затоа што тогаш детето ќе биде подготвено да слуша како правилно и течно се чита.

Препорака на поголемите ученици е секој ден по 15 минути сами на глас да читаат некоја книга, а потоа родителите да ги преслушаат и да ги поправат доколу некои зборови погрешно се изговорени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска