Читајте им книги на глас на вашите деца

Од:

Психолозите велат дека гласното читање е двојно повеќе корисно, затоа што децата учат да се фокусираат, им се подобрува меморијата и ги прави самостојни читатели.

Навиките за читање рано се усвојуваат, но експертите велат дека тоа многу зависи од родителите. Затоа, ако сакате вашето дете да ја засака книгата, морате да му се даде добар пример и секоја вечер со нив да одвојувате 15 минути само за таа активност.

Доколку се работи за дете од прво одделение, одберете некоја куса бајка или приказна. Кога првпат на глас ќе му прочитате, детето ќе слушне како звучат зборовите.

Сепак важно е истата работа со истата содржина да се повтори, затоа што малите деца тогаш ќе разберат за што се работи во книгата. И на крајот, прочитајте му и по трет пат, бидејќи тогаш ќе бидат подготвени да слушаат како правилно и течно се чита.

Повозрасните деца би можеле секој ден самите на глас да читаат по 15 минути, а потоа родителите да ги преслушаат и да ги корегираат доколку некои зборови погрешно ги изговориле.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска