Истражувањето на Мејо клиниката, спроведено на 4.500 испитаници, кое траело цели 3 децении, покажало дека луѓето помлади од 50 години, кои на неделоно ниво пијат по 28 шољи кафе имаат зголемен ризик од смрт – и тоа за неверојатни 50 проценти.
Само во Америка, повеќе од 60 отсто од возрасното население секојдневно конзумира кафе и тоа во просек по три шољи дневно. Иако е докажано дека кафето во помали дози е здраво, во поголеми може да доведе до сериозни проблеми со срцето и крвните садови.
Дополнителениот проблем лежи во тоа што кафеџиите, неретко се и пушачи, а се покажало дека кофеинот и чадот од тутун претставуваат фатална комбинација за здравјето.