Блогерката, Стефани Гејтс моментално по втор пат истовремено воспитува двете деца на рана возраст. Нејзините најстари деца се веќе големи момчиња, а Стефани не може да не се потсети на деновите кога тие двајца биле весели двегодишни или тригодишни дечиња, кои трчкале наоколу. Исто така, таа тогаш секогаш се потсетува и на себе во тие денови.
– Грижата за малите деца е напорно искуство. Му благоарам на Бога, што добив можност тоа повторно да го сторам, пишува Гејтс.
Постојат четири работи кои Стефани би сакала да ги знаела кога станала мајка, а тоа се следните:
Тоа е навистина тешко. Не правиш ништо погрешно
Кога нејзините повозрасни деца биле мали, Стефани постојано се прашувала зошто толку често ги губи детските играчки, детската облека и шапките, како нејзините деца да бидат помирни и кога конечно ќе заминат во парк без правење сцени. – Постојано себе си се проценував и осмислував стратегии, пишува Гејтс и објаснува дека верувала дека таа нешто греши и дека поради тоа има толку многу препреки. Таа признава дека кога би можела да се врати низ времето, едноставно би се опуштила.
Прифатете ги личностите на своите деца
Стефани била многу загрижена додека нејзините повозрасни синови биле мали затоа што едниот бил особено интровертен, додека другиот бил типична екстровертна личност. Таа вложила многу енергија да ги претвори во просечни социјални личности, а дури кога се откажала од тоа тие почначе да се менуваат, секој според своите интереси и афинитети.
Трудот дава резултати
Како што децата ќе растат, ќе почнете да забележувате како напредувале. Стефани е горда мајка, чии деца одат во кревет на време, задачите ги иполнуваат заедно, сакаат да читаат и разбираат која храна е добра за нив. Животот на семејството никогаш нема да биде совршен, но не треба да се престане со трудот, затоа што децата ги усвојуаат знаењата кои се обидувате да им ги пренесете и ќе бидат неизмерно среќни.
Уживајте во нивното детство
Колку и да е тешко тоа да се прифати, децата растат и тие нема засекогаш да бидат неодолливи деца, невини и весели. Исто така, колку и да ви е тешко да се будите неколку пати во текот на ноќта, да менувате нечисти пелени и да ја ситните храната и тој период еден ден ќе помине, а вашите деца ќе бидат негувани, здрави и сигурни дека се сакани.