Чесите, кои минатата ноќ го славеа Бадник, оствариле рекордни 44 милиони телефонски повици, односно два милиони повеќе од минатата година, јави дописникот на МИА од Прага.
За една петтина бил зголемен и бројот на ММС пораките, кои биле испратени над еден милион, односно најмногу во досегашната историја.
Спротивно на ова, биле испратени помалку СМС пораки од претходната рекордна година и тоа 75.2 милиони.
Во Чешка, годинава за Божик екстремно пораснало користењето на интернет услугите, објавија чешките оператори.