Познатиот српски пливач Милорад Чавиќ после долгото патешествие до Рига, во својот кревет во хотелот затекнал двајца голи мажи.
На својот твитер профил Чавиќ објаснува што му се случило во главниот град на Латвија.
„Стигнав во Рига после еден ден патување поради протестите на „Луфтханса“ во Франкфурт, за на крајот да начекам двајца голи мажи во мојот кревет. Чавиќ напишал „fail“ на твитер профилот, без да каже други детали за оваа средба.