Чаша вода за подобра работа на мозокот

Од:

Доколку се мачите и не можете да се сетите на одговор на некое прашање – чаша вода би можела да ви помогне. Водата може да ви го изостри умот, покажуваат резултатите од ново истражување.

Тим научници од Универзитетот „Ист Лондон“ веруваат дека кога ќе ја изгаснете жедта, мозокот функционира на решавање задачи. Експериментот е спроведен врз 34 лица кои пополниле неколкументални тестови два пати – еден по појадокот што се состоел од житарки и еден по оброкот кој се состоел од житарки, но со вода.

Никој ниту јадел ниту пиел во текот ноќта и истражувачите прашале колку се жедни, за да започнат експеримент. Тие кои не биле жедни ги направиле тестовите многу брзо, додека оние кои биле жедни ја забрзале работата откако испиле чаша вода и тоа за 14 отсто.

Истражувачите тврдат дека водата помогнала да се „опуштат“ делови од мозокот, кои работеле на тоа константно да му испраќаат пораки на телото оти е жедно.

– Чаша вода во текот на работата нема да ви одмогне. Исто така, кафе или чај можат многу да ви помогнат, изјави Керолајн Едмондс, учесник во истражувањето.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска