Чаша вода го намалува ризикот од дијабетес

Од:

Во едно британско епидемиолошко истражување е испитана поврзаноста на конзумирањето различни слатки пијалоци со ризикот од развој на дијабетес тип 2.

Во анализата се користени детални податоци за прехранбените навики кај околу 25 илјади мажи и жени, на возраст меѓу 40 и 79 години кои учествувале во истражувањето.

Испитаниците биле следени 11 години, а во текот на овој период кај 847 од нив се појавил дијбетес.

Резултатите од истражувањето покажале дека со зголемениот ризик од дијабетес е поврзано честото конзумирање на засладени безалкохолни пијалоци и млечни напитоци, но и безалкохолни пијалоци со вештачки засладувачи.

За разлика од тоа, внесувањето на овошни сокови, засладен чај и кафе не придонело за зголемување на ризикот.

Експертите процениле дека замената на засладените пијалоци и млечните напитоци со вода, незасладен чај или кафе, може да го намали ризикот од дијабетес од 14 до 25 отсто.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска