Чак Хоскин Jуниор: „Џип“ да престане да го користи името „Чeроки“

Од:

Време е „Џип“ да престане да го користи името „Чeроки“ на своите теренски возила „чeроки“ и „гранд“, смета Чак Хоскин Јуниор. Тој, инаку, е поглавица на племето Чeроки во американската сојузна држава Оклахома.

– Сигурен сум дека ова е со добра волја, но не чувствуваме чест што нашето име е и име на автомобилот, рече Хоскин.

Ова, според познавачи, е првпат Чeроките да повикаат на ставање крај на употребата на името откако „Џип“ почна да го користи тоа име на своите возила во 1970-тите. Кристин Стернс, гласноговорничка на матичната компанија на „Џип“ – „Стелантис“ во Амстердам, изјави дека името на возилото било „внимателно избрано и негувано со години во чест и слава“ на тој американски домороден народ, поради неговата благородност, херојството и гордоста.

Таа не кажа дали компанијата веќе размислува за преименување на возилото.

Хоскин рече дека најдобриот начин да се оддаде почит на племето во Оклахома е да се дознае повеќе за неговата историја.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on