ЦЕРН: Нови докази за недостиг на антиматерија

Од:

Научници од ЦЕРН денеска соопштија дека откриле нови причини за очигледен недостиг на антиматерија во вселената.

Тимот научници кои работат на податоци од Големиот хадронски колајдер во центарот на Европската организација за нуклеарни истражувања, објави дека откриле честичка која нерамномерно се распаѓа во материја и антиматерија.

Лабораторијата соопшти дека честичката е наречена В0ѕ, четврта субатомска честичка која повеќе „преферира“ материја отколку антиматерија.

Откритието било предвидено со стандарден модел на физика, но „одделни интересни противречности бараат дополнителни проучувања“.

Почетната претпоставка тврди дека за време на Големата експлозија пред 13,8 милијарди години, створени се подеднакво количини на материја и антиматерија. Она што прави забуна кај научниците е фактот дека материјата денес преовладува.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска