Најголемата лабораторија за истражувања од областа на физиката во Европа, ЦЕРН го пушти во употреба новиот забрзувач на честички, кој се смета за клучен фактор за следните експерименти, коишто пак, треба да ги одгатнуваат мистериите на Вселената.
До 2021, забрзувачот наречен „Linac 4“, предвидено е да биде споен со „Големиот хадронски судирач“ – моментно најмоќниот уред за забрзување на протони во светот.
ЦЕРН смета дека новиот апарат ќе може да ги задвижува протоните со три пати повеќе енергија од досегашниот. Неговата експериментална фаза и прелиминарните тестови се при самиот крај. Долг е 90 метри, а неговата конструкција траеше речиси цело десетлетие.
„Linac 4“ би можел да помогне во проучувањето на темната материја и на темната енергија, за коишто сега науката има многу малку сознанија, иако се содржи во 95 отсто од Вселената.