Бебињата кои се родени по природен пат имаат повисок коефициент на интелигенција во однос на оние родени со царски рез со претходно одреден термин, тврдат научниците од Јејл.
Причина е протеинот UCP2 кој влијае на инелигенцијата, а неговото ниво е поголемо во мозокот кај децата родени по природен пат или кај децата родени по пат на царски рез ако породувањето тргнало по природен пат.
Од овој протеин зависи краткорочното и долгорочното помнење, што подоцна е клучно за степенот на интелигенција.
Овие резултати се многу важни, затоа што во последната деценија дојде до експанзија на породувања со царски рез, но не од здрвствени причини, туку поради тоа што многу мајки оваа операција ја сфатиле како можност да го одредат датумот и времето на раѓањето на своето дете.
Гинеколозите претежно тврдат дека кога бремената жена ќе влезе во деветтиот месец и кога бебето е формирано сеедно е како ќе се породи и тие закажуваат царски рез според желбата на идната мајка.
Сепак научниците сега докажаа дека тоа негативно се одразува врз интелигенцијата и дека ако нема здравствени причини, секогаш треба да се почекаат природните болки.